СДСМ: Институциите се посветени на зголемување на безбедноста на граѓаните

Владата предводена од СДСМ и институциите се посветени на зголемување на безбедноста на граѓаните, на обезбедување ред, правда и дисциплина на сите нивоа. Јавноста е сведок на секојдневни акции на Министерството за внатрешни работи против прекршување на законите, за пронаоѓање лица во бегство од издржување казна затвор, на откривање економски криминал, како и на борба против трговија со дрога и психотропни супстанци, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Деновиве преку професионална, одлучна акција припандници на МВР спречија влез на 252 мигранти, при што во истата акција сузбиена беше 12 члена организирана криминална група.

Во последниот период засилена е контролата на сообраќајни прекршоци, а припадниците на полицијата активно работат и на санкционирање на прекршителите на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот.

Врвен приоритет на СДСМ е борбата против криминалот и корупцијата, затоа следува процес на целосно прочистување на судството и уште поголема транспарентност и отвореност на државните инситуции. Градиме држава во која законите важат подеднакво за сите“, соопшти СДСМ.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе