СДСМ: Фотелјата на Мицкоски поважна од борбата против коронавирусот

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најважно е да се сочува неговата фотелја па на штета на јавното здравје се кочеше заемот од Сгетска банка за опремување на болниците, сега во Собранието се опструира донесувањето на мерки за заштита на јавното здравје и во ек на епидемија се организираат масовни собирања, обвинува СДСМ

Oчајното и безидејно ВМРО-ДПМНЕ по навика ja злоупотребува сериозна здравствена ситуација за дневнополитичко профитирање, реагира СДСМ.

„Цело лето, ВМРО-ДПМНЕ преку нивниот кадар во преодната Влада, Гордана Димитриеска Кочовска го кочеше заемот од Светска банка од 90 милиони, пари за опремување на болниците. Да не беа нивните блокади, досега болниците ќе беа подобро опремени и подготвени за есенскиот бран.

Цела есен, во време на сериозен бран, раководството на ВМРО-ДПМНЕ организира масовни собири за спас на фотелјата на Христијан Мицкоски, на кои масовно се прекршуваат мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот“, наведува СДСМ.

Колку на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им е битно здравјето на граѓаните говори фактот што бараа предвремените избори да се одржат есенва, колку навистина се загрижени за коронавирусот, говори фактот што во Собранието ги опструираат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести кои се потребни за зголемување на превенцијата од коронавирусот, се вели во соопштението и се додава дека освен деструкција, лажни вести и дејствување спротивно на интересите и здравјето на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не знаат за ништо друго и дека затоа уште долго ќе останат во опозиција.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе