Реакција

СДСМ: Фабрикувајќи обвинувања Лефков призна дека премиерот нема поврзаност со „Броило“

Лефков призна дека Ковачевски нема поврзаност со фирмата што ја спомнува, очајни се фабрикувањата на ВМРО ДПМНЕ. Партијата се изгуби во сопствените конструкции и фабрикувани лаги со кои неосновано го напаѓаше претседателот Димитар Ковачевски, реагира СДСМ на прес-конференцијата на пратеникот Лефков.

„Миле Лефков наместо да извршува нарачките од неговиот шеф, да побара од Мицкоски, струјата од хидроцентралите бесплатно да им ја отстапи на граѓаните. Ете им шанса на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да покажат одговорност и да им помогнат на граѓаните во време на светска економска и енергетска скриза“, се вели во партиското соопштение.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе