Реакција

СДСМ: Доста е од лаги, има судска пресуда за случајот за кој зборува ВМРО-ДПМНЕ

По прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ на која беше говорено за случај поврзан со брат на шефот на кабинетот на премиерот, од СДСМ реагираат со соопштение во кое велат дека постои судска пресуда, но дека опозициската партија има потреба од изнесување на лаги за да ја прикрие  неспособноста на нивните градоначалници 

„Законите важат за сите подеднакво, без разлика за кое име и презиме станува збор, а тоа е потврдено и со случајот којшто го споменува ВМРО-ДПМНЕ. Фактите се дека има судска пресуда за овој случај, потврдена и од Апелацискиот суд. Споменатите лица се осудени на затворска казна, согласно законите и одлуката на судовите и ја имаат издржано казната. Ја разбираме нервозата во ВМРО-ДПМНЕ. Нивните градоначлници се најголемо разочарување“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според СДСМ, нивните градоначалници не само што не работат ништо, не само што немаат ниту еден проект, туку покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ не ја заслужува довербата од граѓаните.

„Тоа не значи дека со секојдневно ширење невистини и конструкции нешто ќе променат. Затоа време е ВМРО-ДПМНЕ да престане со изнесување лаги на прес конференции“, порачува СДСМ.

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе