СДСМ: Доследно да се почитуваат мерките и протоколите за заштита од коронавирусот, казни за прекршителите

Заштитата на јавното здравје во време на пандемија со коронавирусот е врвен приоритет, а растот на бројот на заразени зависи од доследно почитување на мерките за лична заштита и здравствените ковид протоколи, пишува во соопштението од СДСМ.

„Ова е заедничка борба на сите граѓани и сите без исклучок мора строго да ги почитуваме мерките за заштита на личното и јавното здравје - носење маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција. Да се обединиме и да се поддржиме меѓусебно, битката против невидливиот непријател мораме да ја водиме сите заедно, почитувањето на мерките е ‘оружјето‘ со кое ние, секој еден од нас, може да даде свој придонес во таа борба.
Во сериозната состојба со трендот на раст на инфицирани, нема толеранција за прекршителите на мерките, ниту толеранција за тие кои свесно, преку погазување на протоколите и мерките, предизвикуваат ширење на коронавирусот“, се наведува во партиското соопштение.
Владата, како што се додава, во насока на заштита на здравјето на граѓаните и спречување на ширењето на коронавирусот носи дополнителни одлуки и е посветена на спроведување на мерките, но и санкционирање на оние кои не ги почитуваат.
„Владата им додели нови, поголеми овластувања на инспекциските служби за справување со прекршителите на ковид протоколите. Тие можат на лице место да изречат привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена на правните субјекти, ако утврдат прекршување на здравствените протоколи.
Коронавирусот не штеди никого, никој не е имун, затоа од исклучителна важност е почитувањето на сите здравствени ковид протоколи и заштитни мерки за да се заштити здравјето на секој граѓанин“, велат од СДСМ и апелираат на максимална одговорност и целосно почитување на мерките за заштита од понатамошно ширење на вирусот.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе