СДСМ: Директна помош од 70 милиони евра за исплата на плати на 83.000 работници

Мерките, креирани од Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, што спасуваат работни места и обезбедуваат помош за домашната економија продолжуваат до крајот на оваа година. Поддршка за исплата на плати, продолжува и за месеците октомври, ноември и декември. За разлика од претходните месеци, сега, поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите и самостојните вршители на дејности, соопшти СДСМ.

„Тоа значи дека колку е поголем падот на приходите во компаниите толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите, односно, таа ќе се движи од досегашните 14.500 денари, па сѐ до 21.776 денари.

Со оваа мерка ќе бидат поддржани 83.000 работни места во нашата економија на месечно ниво, односно вкупно 250.000 плати за последниот квартал.

За реализација на оваа мерка ќе се одвојат 70 милиони евра, пари за директна помош на работните места.

Во период на сериозна глобална здравствена и економска криза, Владата предводена од СДСМ, со пакет мерки, во вкупна вредност од 470 милиони ерва, застанува зад секој поединец, зад секој приватен субјект кој е погоден од негативите последици.

СДСМ како одговорна партија продолжува со мерки и политики за спас на работни места, за помош на невработени и социјално ранливи граѓани, за поттикнување на приватната потрошувачка, за конкретна помош за домашната економија“, се вели во соопштението на СДСМ.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе