Реакција

СДСМ: Без мандат од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ сакаат да бидат дел од власта

Антинародната ВМРО-ДПМНЕ бега од избори, а бара широка влада, ја саботира борбата против коронавирусот, а кризата ја злоупотребува во дневнопартиски цели. Со своите постапки, ВМРО-ДПМНЕ предводени од губитникот Христијан Мицкоски, веќе никој не може да ги сфати за сериозни, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нивните обиди за театралност не можат да ја надоместат празнотијата во која е западната опозициската партија. ВМРО-ДПМНЕ е единствената опозиција во светот што бара оставки, а бега од избори, затоа што има уплав од соочување со граѓаните. Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ изгубија парламентарни, локални, претседателски избори, бојкотираа референдум, сега бегаат од локални избори во Штип и згора на се бараат широка Влада. Без никаков легитимитет, без мандат од граѓаните, бараат да бидат дал од власта.

А во меѓувреме ја саботираат борбата на здравствените власти со ковид-19, ја саботираат дипломатската стратегија за преговори со ЕУ, ја саботираат економската стратегија за справување со последиците од пандемијата и постојано се на погрешната страна. Секојдневно се докажува дека ВМРО-ДПМНЕ е антинародна, антидржавна партија. Партија која ја злоупотребува смртта и тагата на граѓаните за партиски интереси, за да го штити криминалот на своите функционери. Со такво однесување уште долго остануваат во опозиција“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе