СДСМ: Автокефалноста на МПЦ–ОА е резултат на сите досегашни напори и процеси спроведени во државата

На сите православни верници и на сите граѓани им го честита прифаќањето на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија со уверување дека со заеднички напори на поглаварот на МПЦ-ОА г.г.Стефан, Синодот и државниот врв наскоро ќе дојде до потпишување на Томосот за целосно признавање на автокефалноста на Охридската архиепископија од страна на вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј, соопшти СДСМ.

„Ова е радосен момент за сите православни верници од Северна Македонија, важен историски настан и за македонскиот народ но и за сите граѓани како резултат на сите досегашни напори и процеси кои беа спроведени во државата.
Со прифаќањето на МПЦ-ОА во канонско единство со останатите православни цркви полека се затвора уште едно повеќедецинско отворено прашање и истовремено се заокружува македонската самобитност и независност на што траен белег е МПЦ-ОА.
Благодарение на одлуката на вселенскиот патријарх г.г Вартоломеј и нејзино прифаќање од Српската православна црква се прекина повеќедецениската сестрана изолација и стаблизирањето на МПЦ-ОА  како рамноправен меѓународен ентитет во православната екумена.
Поколенија и поколенија претходници и наши најистакнати дејци два и пол века сонуваа за она што денес го доживеа МПЦ-ОА и ние како народ, граѓани и држава“, соопшти СДСМ.

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе