СДСМ: Арсовска потврди, Мицкоски ги имал деталите за тендерот вреден 136 милиони евра

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во своите јавни настапи посочи дека Христијан Мицкоски имал детали кои не би смеел да ги има од сомнителниот тендер од 136 милиони евра за пречистителна станица, се вели во соопштението на СДСМ.

„Со таквите тврдења, Арсовска имплицира на директна вмешаност на Мицкоски во спорниот тендер. Затоа е важно, надлежните институции да го расчистат овој случај, да ги истражат сите аспекти и одговорните да се соочат со соодветни санкции.

Самата Арсовска, кандидатка и градоначалничка на Мицкоски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ не е мрдната ниту милиметар од режимската и криминална матрица.

Мицкоски е ист како и неговиот ментор и претходник Никола Груевски, нему му се важни само личните и бизнис интерсите на одредена група луѓе. Тоа граѓаните го гледаат, затоа Мицкоски и ВМРО-ДМНЕ изгубија на последните предвремени избори, затоа секогаш ќе губат од граѓаните“, соопшти СДСМ.

 

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе