СДСМ: Антикризните мерки ги намалија месечните сметки за 4.000 денари за секој граѓанин

Владата предводена од СДСМ во услови на најголемата криза, презеде навремени и ефикасни мерки вредни 400 милиони евра за заштита на економскиот стандард на граѓаните, соопшти партијата.

„ДДВ за основните производи го намаливме од пет на нула отсто. Да не беше тоа намалување, граѓаните во просек секој месец ќе плаќаа по 1.500 денари повеќе.

Ги укинавме царинските давачки за увозот на основните прехранбени производи.

Ја намаливме акцизата за горивата и го намаливме ДДВ за енергенсите од 18 на 10%. Доколку го немаше ова намалување, секој граѓанин ќе плаќаше 300 денари повеќе.

Силно ги субвенционираме граѓаните за елетрична енергија која би била дури 80% поскапа. Ако не го обезбедевме субвенционирањето на производството на струја и на цената на струја, сметките за струја за секое семејство ќе беа повисоки за 2.150 денари месечно.

Благодарение на сите овие антикризни мерки, месечните сметки на граѓаните се намалени за 4.000 денари“, се вели во соопштението на СДСМ.  

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе