СДСМ: 470 милиони евра за четвртиот пакет

Со ребалансот на буџетот се обезбедени 470 милиони евра за финансирање на четвртиот пакет антикризни мерки, грижата за сите продолжува. Владата предводена од СДСМ со ребалансот на буџетот, кој е влезен во собраниска процедура, на одговорен и рационален начин обезбедува сериозни средства за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки за поддршка на економијата и граѓаните погодени од коронакризата, се вели во соопштението на СДСМ.

„Реализацијата на мерките од четвртиот пакет ќе придонесе за подобрување на вкупниот економски резултат, односно амортизирање на социо-економскиот удар од пандемијата со коронавирусот оваа година, додека за следната година се очекува заздравување на економијата и економски раст.

Со четвриот пакет мерки, кој претставува континуитет на претходните три, 470 милиони евра ќе бидат искористени за помош и поддршка на економијата, за спас на работни места и зајакнување на приватната потрошувачка.

Со 70 милиони евра ќе се поддржи исплатата на 250.000 плати во последните три месеци од годинава и ќе се помогнат 83.000 работни места.

27, 6 милиони евра ќе завршат кај 283.000 граѓани, преку платежни картички од по 6.000 денари за купување на домашни производи и услуги. Предвидени се грантови за туристички агенции, ресторани за свадби и игротеки за деца, во вкупна вредност од 5.4 милиони евра.

Само преку овие три мерки над 100 милиони евра завршуваат директно кај стотици илјади граѓани, како помош во справување со негативните последици од коронакризата.

Со пакетот се обезбедуваат средства и за поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња, за Викенд без ДДВ, за државна и царинска гаранција.

Се намалуваат или укинуваат парафискални давачки, се зголемува грејс периодот кај бескаматните кредити од линијата Ковид 1 и  дополнително се одложуваа отплатата на кредитите од компаниите.

Во време на сериозна здравствена и економска криза, предизвикана од пандемијата со коронавирусот, државата застанува зад секој поединец, зад секоја компанија.

Од почетокот на кризата, Владата предводена од СДСМ покажува континуирана и вистинска грижа за граѓаните и стопанството“, соопшти СДСМ.

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе