ААВМУ

Помош за радијата и телевизиите, за 25 отсто ќе биде пониска цена за дозволите

Имајќи ги предвид тековните случувања со енергетската криза и големиот раст на цената на електричната енергија кој директно се одразува врз функционирањето и економската одржливост на радиодифузерите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ќе обезбеди финансиска помош – донација за радиодифузерите која ќе се реализира преку намалување на нивниот надомест за дозвола за радио и телевизиско емитување за 2023 година.

„Во рамки на финансиските можности на Агенцијата, ова намалување изнесува 25 проценти од надоместот за дозволата, пресметан согласно формулата утврдена во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“, соопшти ААВМУ.

Агенцијата се надева дека со оваа донација ќе придонесе за надминување на последиците од постојната енергетска криза и за непречено функционирање на радиодифузерите и во наредната година.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе