Подмладоци на 9 партии потпишаа Декларација за заложба за борба против корупција

Со потпишување на Декларација за заложба за борба против корупција, подмладоците на девет политички партии се обврзаа на заеднички чекори за борба против корупција, информираа денеска  од Коалицијата на младински организации СЕГА.

„Подмладоците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, Алтернатива, Левица, ГРОМ, ЛДП и ПВМ и Коалиција на младински организации СЕГА, потпишувајќи ја Декларацијата, се обврзаа да преземат ефективни активности за борба против сите форми на корупција, поттикнување и промовирање на учество на младите во донесувањето на одлуки и активизам за гласно артикулирање на проблемите со корупција“, стои во соопштението.

Зоран Илиески, извршен директор на Коалицијата СЕГА, вели дека граѓаните ја перципираат корупцијата како општествена норма.

„Загрижува тоа што корупцијата е проблем број еден на граѓаните, вклучително и младите и ги надмина егзистенцијалните проблеми како невработеност, високи цени и ниски примања. Оттука, неопходна е итна акција со вклученост на сите засегнати страни, особено со учество на младите, во борбата против корупција“, смета Илиески.

Како што се појаснува, Декларацијата за заложба за борба против корупција се разви во рамки на проектот „Млади против корупција“, со вклученост на подмладоците на политичките партии и е потпишана на националната конференција вчера, во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА.

„Проектот „Млади против корупција“ го спроведува Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Агенцијата за млади и спорт и СИ Комуникации, со финансиска поддршка од Австриската агенција за развој преку програмата „Југоисточна Европа – Заедно против корупција“ на Регионалната антикорупциска иницијатива во партнерство со Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал. Проектот има за цел да се зголемат капацитетите на младинските лидери за препознавање, спречување и борба против корупцијата и коруптивното однесување кон ефективно имплементирање на UNCAC“, се истакнува во соопштението.

Коалицијата на младински организации СЕГА е национална младинска чадор организација, формирана во 2004 година, работи на развивање и примена на младински политики на локално и национално ниво, ги поврзува и јакне младинските организации, со цел активирање на младите и подобрување на условите за нивен личен и професионален развој.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе