Нов АСНОМ: По Преспанскиот договор се роди нова нација - северномакедонци

По изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дадена во своето експозе на 15 јануари дека, 'разговорите со Република Бугарија ќе се интензивираат и никој не смее и нема да преговара за идентитетот на македонскиот народ', фо потсетуваме Ковачевски дека слични изјави беа давани и пред да се потпише Преспанскиот договор, но резултатите од потпишувањето на овој договор се раѓање на нова нација која сѐ повеќе е дел од реалноста во светските медиуми, а за жал Министерството за надворешни работи на нашата земја упорно молчи и не се произнесува и не ја корегира таа нова реалност, се вели во соопштението на здружението на граѓани Нов АСНОМ.

„Сѐ повеќе светски медиуми како и нашите стратешки партнери САД и официјално го употребуваат терминот севеномакедонци и сверноакедонски. Ова е резултатот од потпишувањето на Преспанскиот договор. Нанесена е непоправлива штета на нашиот идентитет. Еве линкови каде светски медиуми, Стејт департемнтот и други нѐ ословуваат со нов идентитет како што не е опфатен со Преспанскиот договор, туку тоа е една нова реалност во која ние живееме, а овде во Македонија се негира.

Ова е уште една потврда за штетноста и последиците од Преспанскиот договор кој час поскоро треба да се раскине и потребата да се имплементираат реформи во насока на градење на правно општество каде што секоја индивдуа ќе има просперитетен живот во здрава животна средина“, реагира Нов АСНОМ.

https://www.aljazeera.com/news/2022/1/20/north-macedonias-path-to-to-eu-membership-stumbles

https://www.state.gov/u-s-diplomats-build-cyber-defense-and-cybersecurity-partnerships-worldwide/

https://www.aninews.in/news/world/others/north-macedonias-parliament-elects-new-prime-minister20220117131706/

https://planetradio.co.uk/greatest-hits/sussex/news/west-sussex-firefighters-donate-kit-to-north-macedonia/

https://pakobserver.net/afghan-youth-dies-from-exposure-on-n-macedonia-border/

 

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе