„За жал дојде време кога треба да кажеме дека заради оваа одродничка власт, предадени се нивните идеали и визии, нивната борба и жртви се погазени и дека Република Македонија ја ликвидираа, ја заменија со Северна, ја нагрдија, ја обезличија и им ги одзедоа правата и достоинството на Македонците. Денеска, пред македонската нација, 'висат' истите пранги окупаторски, истите закани за целосно деградирање и девалвирање на достоинството на Македонците, за газење и бришење на историјата mакедонска, демнат подли обиди за бугаризација, да се сотрат традициите, обичаите и културата mакедонска. И сето тоа, со амин на оваа неспособна, одродничка и предавничка власт која мизерно и со свиткана кичма, молчешкум ја гледа агресијата за крај на постоењето на Македонците.
И затоа, организацијата Нoв АСНОМ смета дека, дојде време кога гласно мора да кажеме дека борбата за ослободување на Македонија продолжува. Оваа борба е новата револуција на сите нас-македонските патриоти, оваа борба е нашиот генерациски предизвик и крик на Македонците против Преспанскиот договор, против т.н. „заедничка историја“ со Бугарија, против македонскиот јазик да бидне дијалект на бугарскиот. Оваа борба е за нашето вековно и уставно име Република Македонија и дека е доста од 'бугарска демократија, доста е од бугарски клубови во Македонија, доста од дволичните игри на меѓународната заедница и од апетитите на нивните миленичиња Грција и Бугарија - најсиромашната земја во ЕУ. Оваа борба, значи доста за поделбите и крај за оваа марионетска и профашистичка власт. Оваа борба е нашиот македонски восклик за живот и слобода, за бесмртност на македонизмот со кој и денес над Македонија се раѓа, ново сонце на слободата“, соопшти Нов АСНОМ.
Македонци, нека ни е честит 11 октомври, денот на непокорот и Ден на народното востание на македонскиот народ.