Кај европратникот во Брисел, а во посета и Маричиќ

„Нацртај ја Бугарија, нацртај ја Македонија“, Ќучук домаќин на деца од двете земји

Европратеникот Илхан Ќучук соопшти дека бил домаќин на гостинска група во Брисел, вклучувајќи ученици од Бугарија и Македонија кои за време на тридневната посета биле дел од натпреварот: „Нацртај ја Бугарија, нацртај ја Македонија". Автори на делата се учениците од ОУ „Исмаил Кемали" од општина Чаир oд Скопје, како и матуранти од СОУ „Вела Благоева" од Велико Трново.На средбата со европратеникот присуствувале и вицепремиерот Бојан Маричиќ и амбасадорите на двете држави.

„Мораме да градиме мостови меѓу двата народа, а не да подигаме ѕидови. Вие сте иднината на нашите две земји и примерот што го давате е значаен за добрососедските односи. Верувам дека ќе продолжиме да ги развиваме ваквите активности и со заеднички сили ќе постигнеме многу повеќе", кажал по тој повод Ќучук.

„Мило ми е што децата од Бугарија и Северна Македонија уште од најмала возраст можат да ја видат Европската Унија одблиску и да ја запознаат работата на европските институции. Ова е единствена можност да се изгради европска самосвест и пријателски врски, нешто што за жал нашите генерации го немаа како можност", кажал Маричиќ.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе