„Македонија е планинска, но зелена балканска држава. Иако е опкружена со копно, таа е благословена со езера: најпознато е Охридското Езеро, едно од најстарите во Европа и најдлабоко, но тука се и Преспанското и Дојранското Езеро и уште 50 помали езера. Охридското Езеро што е на листата на УНЕСКО е главната атракција, опкружено со древни манастири, барови на плажата и рибни ресторани. Меѓу тамошните активности вклучени се часови по готвење покрај езерото, велосипедизам, тури со бродови и параглајдинг. Градот со истото име е полн со цркви и споменици, а покрај езерото се протегаат сликовите рибарски села“, пишува британскиот весник.
За Скопје пишува дека има византиска тврдина и отомански центар, Музеј на современа уметност... Меѓу местата што треба да се посетат во Македонија, „Гардијан“ ги издвојува и националниот парк Маврово со манастирот „Свети Јован Бигорски“, како и националниот парк Галичица и планината Пелистер.