На дивиот исток - „Гардијан“ ја препорачува Македонија за летен одмор

Охридското Езеро, Скопје, Маврово, Галичица и Пелистер се местата кои британскиот весник „Гардијан“ ги препорачува за летен одмнор. Во написот со наслов „Див исток“, Македонија е меѓу петте балкански држави како дестинации за летен одмор што заслужуваат да бидат „откриени“ - Црна Гора, Косово, БиХ, Словенија и Македонија. Овие држави имаат спектакуларни предели, места за пливање и древни градови, а сето тоа се нуди по пристапни цени, препорачува „Гардијан“.

„Македонија е планинска, но зелена балканска држава. Иако е опкружена со копно, таа е благословена со езера: најпознато е Охридското Езеро, едно од најстарите во Европа и најдлабоко, но тука се и Преспанското и Дојранското Езеро и уште 50 помали езера. Охридското Езеро што е на листата на УНЕСКО е главната атракција, опкружено со древни манастири, барови на плажата и рибни ресторани. Меѓу тамошните активности вклучени се часови по готвење покрај езерото, велосипедизам, тури со бродови и параглајдинг. Градот со истото име е полн со цркви и споменици, а покрај езерото се протегаат сликовите рибарски села“, пишува британскиот весник.

За Скопје пишува дека има византиска тврдина и отомански центар, Музеј на современа уметност... Меѓу местата што треба да се посетат во Македонија, „Гардијан“ ги издвојува и националниот парк Маврово со манастирот „Свети Јован Бигорски“, како и националниот парк Галичица и планината Пелистер.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе