Министерството за образование соопшти дека министерката Мила Царовска одржала состанок со Здружението на директори од основни и средни училишта, на кој било разговарано за одвивањето на наставата во второто полугодие, како и за концептот на реформи.
Во соопштението се вели дека Царовска добила „безрезервна поддршка на реформите" и дека „целосно и посветено ќе се вклучат во целиот процес на имплементација".
Министерката за образование и наука Мила Царовска кажала дека со реформата за првпат учениците се ставаат во фокусот на образованието, а наставниците се клучната алка во наставата.