ММДЧП и професорката Каракамишева пред Европскиот суд ќе бараат поништување на промената на името

Македонското меѓународно движење за човекови права почна процес пред Европскиот суд за човекови права за принудната промена на името на државата Република Македонија. Овој процес ќе го води професорката Тања Каракамишева- Јовановска, редовен професор по македонско уставно право.

Во соопштението на ММДЧП се вели дека врз Македонците беа извршени сериозни прекршувања на човековите права во пресрет и како резултат на принудната промена на името која илегално ни беше наметната од режимот во Македонија со „Преспанскиот Договор".

„Овие прекршувања продожуваат да се шират експоненцијално. Илегалното и принудно менување на името суштински крши голем број на конвенции за човековите права кои се ратификувани во Македонија, и е во директна спротивност со македонското и со меѓународното право, со македонскиот Устав, собраниските правила и процедури и оттаму е невалидно.

Дополнително, илегалното менување на името е директен резултат на општо кршење на човековите права на Македонците. Бараме тоа да биде поништено и да биде вратено името на Македонија. Ова го бараме врз основа на следните членови на Европската конвенција за човекови права, кои режимот постојано ги крши:

Протокол 1, член2 - право на образование

Член 3 - забрана на измачување и сурово, нехумано и понижувачко однесување

Член 6 – право на фер судење

Член 8 – право на почитување на личниот и семејниот живот

Член 9 – слобода на мисла, совест и вероисповед

Член 10 – слобода на изразување

Член 13 – право на ефикасен правен лек

Член 14 – забрана на дискриминација

Според професорката Каракамишева-Јовановска човековите права и потребата за нивно постојано и упорно промовирање и заштита е мотив за дејствување за секое разумно човечко битие. ‘Кога индивидуалните или колективните човекови права се брутално кршени, најприродна човечка реакција е да се ангажираме за нивна безрезервна заштита. Оттаму, светот треба да разбере дека ние, Македонците, никогаш нема да се откажеме од нашиот македонски идентитет, од македонскиот јазик, од нашата историја и цивилизација, од нашето минато, сегашност и иднина. Во време кога постоењето на македонскиот народ и на македонскиот јазик безобразно се негира од европските институции и од европски држави, ние немаме друг избор освен да го изразиме нашиот отпор преку овие постапки и гласно да протестираме против овој културолошки геноцид. Во 21 век не е дозволиво да се менува идентитетот на една нација само затоа што тоа ѝ текнало да го бара соседната нација. Ја повикуваме меѓународната заедница да го брани нашето право да бидеме тоа што сме - Македонци од Македонија’.

Трајче Торов, адвокат кој е ангажиран од ММДЧП и на други случаи пред ЕСЧП вели дека принудното менување на името исто така предизвика принудно менување на идентитетот на сите Македонци. ‘За личност која живее во Република Македонија, како за Каракамишева - Јовановска, се работи за принудно менување на нејзиниот идентитет во личните документи, цензура на мислата како автор, писател и образовен работник, длабоко негативен удар врз светогледот на нејзините деца, цензурирање на нејзините учебници, промена на наставната програма за да се сузбие какво било изразување на македонскиот идентитет, отстранување и сквернавење на македонските културни и историски споменици, ограничување на употребата на македонскиот јазик и интензивен странски интервенционизам за да се спроведе оваа забрана на изразување на македонскиот идентитет и правото на само-определување. Каракамишева - Јовановска првин побара заштита пред домашниот Уставен Суд, но поради јасното отсуство на непристрасност и независност во однос на режимот, нејзиниот случај беше експресно отфрлен. Затоа покренавме процес пред Европскиот суд за човекови права. Се надеваме дека ЕСЧП ќе ги заштити нејзините човекови права и ќе го запре културолошкиот геноцид врз Македонците’“, се вели во соопштението на ММДЧП.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе