Младите од ВМРО-ДПМНЕ донираа мекици за Рашковски (ВИДЕО)

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска во центарот на Скопје делеше мекици на случајни минувачи, како своевидна помош за поранешниот генерален секретар Драги Рашковски во актуелниот судски процес „Софтвери“ против него.

 „Со оваа наша акција сакаме да му помогнеме на поранешниот генерален секретар на Владата на Република Македонија. Сега откако повеќе не е на функција генерален секретар и откога повеќе не дели мекици за своите деца, неговите приходи се сигурно намалени. Затоа прашуваме: Колку мекици се потребни за купување на плацевите во Струмица од илјадници метри квадратни? Колку мекици се потребни за стекнување со имотот во Побожје? Колку мекици се потребни за стекнување со возило олдтајмер марка „доџ“? Колку мекици се потребни за купување на нов луксузен џип „волво“? Колку мекици се потребни за стекнување со нови три мотоцикли, БМВ, хонда и кавасаки“, прашаа младите од ВМРО-ДПМНЕ.

По вчерашното прво рочиште за случајот „Софтвери“ Рашковски изјави дека имотот на неговите деца бил стекнат од нивните родендени, кршевки, имендени, а се друго што поседуваат е негов имот што го имал и пред тоа.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе