Млади за Македонија на средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј – време е за признавање на МПЦ

Организацијата Млади за Македонија на средбата со вселенскиот патријарх Вартоломеј порачаа дека е време за признавање на црквата на Македонците и Македонија.

„Со векови духот на македонскиот народ се оддржуваше преку Црквата. За македонскиот народ цркавата зазема примарно место и промената на името на црквата претставува последниот удар за уништување на нашиот Македонски народ. Најавите за промена на името на црквата е само продолжение на модерниот Холокауст кој се случува врз македонскиот народ, а се врши преку систематско уништување на македонскиот народ преку промена на името, идентитетот, јазикот, историјата и колективната меморија“, порачаа членовите на Млади за Македонија на средбата.

На средбата во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Константинопол од патријархот Вартоломеј беше побарано да помогне во признавањето на Македонската православна црква како црква на Македонците и дека македонскиот народ е во очекување на неговата одлука за издавање на томос за автокефалност на МПЦ. Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази лична надеж за решавање на црковното прашање.

Млади за Македонија бара запишување на МПЦ во диптихот на Вселенската патријаршија како црква на Македонците и Македонија.

„Најмалку што очекуваме е МПЦ да биде запишана како Црква на Македонија. За овие црвени линии ние силно и жестото ќе се бориме. Предупредуваме на стапицата која се крие преку запишувањето на локалните цркви во диптихот на Вселенската Патријаршија, а која се планира да се искористи за промена на името на Црквата, каде нема да се споменува зборот Македонија и Македонци, ниту формулацијата Црква на Македонците и Македонија.

Стапицата е што во диптихот на Вселенската патријаршија ниту една помесна црква не е запишана под името со кое што се нарекува. Па така СПЦ никаде не фигурира како Српска православна црква, туку како Црква на Србија со поглавар белградски патријарх, Бугарската како Црква на Бугарија со поглавар софиски патријарх, Руската – црква на Русија со московски патријарх... Се планира промената на името на МПЦ да се случи преку запишувањето во диптихот како Охридска архиепископија, која нема да го содржи зборот Македонија и Македонци. Ова претставува национално и христијанско предавство што не смеее да се дозволи“, се вели во соопштението на Млади за Македонија, организација која на 27 мај 2018 година, на 1.000 годишнината од постоењето на Охридската архиепископија организираше студентски протест против мешањето на други цркви во Македоската православна црква, односно против обидот на Бугарската црква да се промовира како мајка-црква на Македонската православна црква. 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе