Мицкоски: За само 7 дена ЕСМ продавајќи вишок струја изгуби 353.937 евра, парите завршуваат во приватни џебови

Еве како се пљачка Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ, денешно ЕСМ, напиша на својот фејсбук профил Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, објавувајќи бројки од официјалната продажба на ноќни вишоци на струја изминатава недела. Тој вели дека само за една недела се загубени 353.937 евра, наместо таа струја да се продаде на македонските компании.

„ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 20 до 26 август од 2 до 7 часот во вкупна количина од 1.750 мегават часови. Цената по која овие ноќни вишоци се продадени е 303,75 евра за еден мегават час.

За истиот тој период цената на струјата на референтна берза при утврдување на цената на струјата во Македонија (HUPX ) е 506 евра за мегават час. Или по денови:

20 август 463 евра за MWh

21 август 346 евра за MWh

22 август 481 евро за MWh

23 август 534 евра за MWh

24 август 570 евра заMWh

25 август 535 евра за MWh

26 август 612 евра за MWh.

Разликата во цена е:

1.750 мегават часови x (506-303,75) евра = 353.937евра.

Заклучок: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 7 дена се оштетени за околу 22.000.000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови“, напиша Мицкоски.

 

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе