Мицкоски на средба со Орбан: ЕУ интеграции и зачувување на идентитетските обележја на народот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски денеска беа во посета на Будимпешта на средба со премиерот на Унгарија и претседател на сестринската партија ФИДЕС, Виктор Орбан.

„На средбата се разговараше за ЕУ интеграциите на Македонија. Претседателот Мицкоски го истакна ставот на ВМРО-ДПМНЕ и на македонскиот народ дека интеграцијата е неопходна, но таа да биде достоинствена и со зачувување на идентитетските обележја на народот.

Забележано беше дека Македонија и ЕУ ги очекува најтешката зима во историјата, со големи потешкотии на енергетски план, во снабдувањето со енергенси. Претседателот Мицкоски нотираше дека владата во Македонија не ги прави потребните чекори во справување со енергетската криза, не се обезбедуваат навремено јаглен, мазут, гас и нафтени деривати, туку кога ќе дојде пикот на кризата се даваат големи суми на пари неколкукратно над тоа што можело да се потроши ако на време се обезбеделе истите тие ресурси.

На средбата беше разговарано и за предизвиците од мигрантската криза која е проблем како за Македонија, така и за ЕУ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе