ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски бара средба со Ковачевски, „суетата на политичарите не е поважна од судбината на граѓаните“

Ниту една суета, а најмалку таа на Ковачевски е поважна од иднината и благосостојбата на граѓаните во овие сериозни времиња. Не е време за театар ниту за игри позади завесата, туку е потребно делување. Затоа претседателот Христијан Мицкоски го афирмира барањето за средба со Ковачевски и неговиот тим за надминување на последиците од енергетската и економска криза. Повторуваме, суетата на политичарите од власта не е поважна од судбината на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако СДС пронајде струја која ја произведува Мицкоски тогаш слободно нека ја одземе, во спротивно што правиме со 26-те милиони евра тешката афера Броило. Дезертерот Ковачевски заедно со неговиот кум создал соларен картел преку кој се свртеле над 26 милиони евра, преку тендери од државни институции, како и државна помош. Граѓаните за овие пет години откако СДС е на власт чувствуваат единствено кризи. За овие пет години откако СДС е на власт единствено има криминал, корупција и заробено судство.

За овие пет години СДС единствено успеа да изгради картели, криминогени мрежи за лично богатење и за осиромашување на народот. Во овие пет години по нарко марихуанскиот картел, сега владее соларен картел којшто ја осиромашува Македонија.

Граѓаните со СДС на власт немаат ниту парно, ниту гас. Со СДС на власт единствено се затвораат фабрики“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе