Левица: Власта уфрла провокатори за да апси народ

Владата на СДС и ДУИ синоќа во целост прикажа како се манипулира и демонстрира насилство врз обичен народ. Министерот Спасовски очигледно го оствари своето сценарио дека ќе се случат радикални сцени - само за да апсат невини граѓани. Негрижејќи се ниту за граѓаните, ниту за полицијата, Спасовски ги изложи сите во опасност - само за да ги прикажи илјадниците граѓани кои достоинствено протестираат како насилници, се вели во реакцијата на Левица по синоќешните инциденти за време на протестите против францускиот предог за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.

Левица претходно предупреди дека власта ќе уфрли провокатори со фантомки, со цел да се апсат граѓани и да се амортизира револтот кај народот.

„И покрај лошите временски услови, илјадници граѓани маршираа против новото национално предавство на ДУИ. Тоталитарниот режим се обидува да ја инструментализира полицијата против сопствениот народ, само за да го спасат неизбежниот пад од власт“, соопшти Левица.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе