Левица со претставка против Африм Јусуфи, помошник началник во СВР Битола за инцидентите на Мечкин Камен

Министерот за правда Никола Тупанчески сè уште молчи за организираната параполициска структура, која изврши сет на кривични дела за време на манифестацијата на Мечкин Камен. Претходно поднесовме кривична пријава против началникот на СВР Битола, Бенито Јошевски, кој насилнички им ги одзеде транспарентите на нашитре активисти, соопшти Левица.

„Поради ваквото тоталитарно владеење на полицискиот режим и молкот на министерот Тупанчески, правниот тим на Левица поднесе претставка до Одделот за внатрешна контрола при МВР против Африм Јусуфи, помошник началник во СВР Битола, поради организирано малтретирање на обични граѓани на прославата на Илинден.

Дополнително, поднесена е кривична пријава против Драган Ѓуриќ и Љупчо Кузмановски, припадници на затворска полиција од КПД Прилеп и КПУ Идризово.

Имено, Ѓуриќ, Кузмановски и Јусуфи координирано им даваа наредби на полициските службеници, но и директно на граѓаните, кои мирно го изразуваа својот протест да се турнат и повлечат назад. Со тоа, тие прекршија низа уставно загарантирани слободи и права на граѓаните – право на собир, изразување на мирен јавен протест, слобода на мислата и право на јавно изразување на мислата.

Дополнително, незаконски присутните припадници на затворската полиција, бранејќи го коридорот, давајќи им наредби на службените лица – полицајци, како и со нивните непосредни интервенции и преземања дејствија кои само овластено службено лице смее да ги преземе – ги доведоа граѓаните во заблуда однесувајќи се како службени лица (иако не се) и со тоа извршија кривично дело „лажно претставување“ казниво по член 391 став 2 од Кривичниот законик.

Иако се работи за диригирано насилство од страна на врвот на СДС, чие владеење експлицитно преминува во диктатура - министерот Тупанчески наместо да преземе мерки за сериозно расчистување со ваквите насилни структури, истиот молчи и е соучесник на тоталитарниот режим на СДС и ДУИ“, соопшти Левица. 

 

 

 

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе