Левица: СДСМ и ДУИ во одбрана на градежната мафија во Маврово

Жителите на Маврово бараат објаснување зошто не се почитува донесеното решение од страна на Општина Маврово, донесено на 15 септември, во кое на инвеститорот „Радика ресорт” му се дава рок од 15 дена за уривање на девет куќи што бесправно се градат под хотелот „Радика“ во село Леуново, Маврово. Криминалната коалиција на СДСМ и ДУИ е целосно ставена во служба на интересите на градежната мафија, додека неповратно се уништува природно богатство и се загрозува опстанокот на еден од најстарите национални паркови, се вели во реакцијата на Левива по последните настани во Општина Маврово Ростуше.

„Во решението, освен што е оставен рок од 15 дена за инвеститорот сам да ги сруши дивограбите, наведено е дека ‘ако градбата не се отстрани во определениот рок, ќе се пристапи кон присилно административно извршување на решението’. За отстранување на споменатите куќи сѐ уште се чека, а изминати се речиси два месеци од донесеното решение.

Дополнително, инвеститорот продолжува со неговите градежни активности, додека градоначалникот од СДСМ, Медат Куртовски, на само неколку дена пред локалните избори, наплатил комуналии за уште 22 објекта од предвидените 87.

Дали ваквиот криминал е заштитен директно од власта, со оглед на тоа што постојат индиции дека фирма на поранешен директор на јавно претпријатие од редовите на ДУИ е инволвирана во градбата? Криминалната коалиција на СДСМ и ДУИ е целосно ставена во служба на интересите на градежната мафија, додека неповратно се уништува природно богатство и се загрозува опстанокот на еден од најстарите национални паркови“, се вели во соопштението на Левица.

Oд партијата потсетуваат дека статусот на Националниот парк Маврово не е редифиниран и не се исцртани забранетите зони за градење, иако според Законот за заштита на природата од 2013 година, постои обврска за репрогласување на Националниот парк.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе