Левица: Рехабилитацијата на фашизмот почна уште со споменикот на балистот Џемаил Хаса во 2006 година

Во 2006 година, во село Симница, Општина Гостивар, подигнат е споменик на Џемаил Хасани, водач на балистите за Западна Македонија и соработник на италијанските фашисти. Епидемијата на рехабилитација на фашистичките соработници од Втората светска војна, чие политичко дејствo со Нирнбершкиот процес е криминализирано, ја следи сеопштата тенденција за глорификација на овие лица и организации, се вели во денешното соопштение на Левица.

„Историското место на Џемаил Хасани е соодветно на тоа на Ванчо Михајлов, и сите останати историски фигури кои за време на Втората светска војна ѕверски дејствувале против партизаните, населението и Народно-ослободителната борба. Сепак, сега двете фигури повторно се обединети во современ контекст, преку воскреснувањето на идеолошки сродни општествени групи, кои денеска на територијата на Република Македонија влијаат политички, со истите мотиви како од пред 70 години, за разнебитување на македонската државност и антифашистичките темели на кои е поставена.

Ако именувањето на „културен центар" по Ванчо Михајлов неодамна ја распламна македонската јавност, треба да се знае дека почвата за конечна рехабилитација на најголемиот крвник на македонската кауза, е одамна подготвувана. Двете најголеми партии од македонскиот блок СДСМ и ДПМНЕ, како и нивниот обединител ДУИ, одамна обединето работат на ревизија на македонската државотворна историја.
За авантурата на претходниот режим на ДПМНЕ и ДУИ со поставување на овој споменик на егзекуторот на партизаните, Владата на СДСМ е запознаена уште од 2018 година. Но, до сега, сè што СДСМ има направено во насока на рехабилитацијата на овие фашистички борци и дејци, е дополнително јакнеење и забрзување на возобновувањето на нео-врховистичкото присуство во Македонија.
Левица, за 9 мај ја поднесе Резолуцијата против рехабилитација и глорификација на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици, поради алармантните инциденти кои укажуваат на присуство на фашизмот и сите негови деривати во нашето општество.
Џемаил Хасани и Ванчо Михајлов, не само што се соработници на оската Берлин-Рим, туку се и крволочни убијци и мачители, угнетувачи на слoбодата на балканските земји, слуги на туѓи интереси и реликвии од минатото. Но, наместо да останат во минатото, тие нè прогонуваат во сегашноста.
Во годините по војната, овие идеи продолжиле да постојат засолнети од последиците, во капиталистичките земји. Затоа, откако народот повторно падна во окови од капитализмот, тие идеи се вратија на голема врата преку капиталистичките партии кои владеат со државата, веќе 30 години.
Сите овие ретроградни елементи на македонската политичка сцена како СДСМ, ДПМНЕ, ДУИ и сите останати капиталистички партии, се обременети со идеи кои се спротивни на единството на овие простори. Такви се сега, такви биле отсекогаш. Нивната политичка моќ е обратно пропорционална со слободата на народот.
За овој, како и за сите останати, правни деликти и напади на антифашистичката историја на Македонија, Левица ќе реагира до надлежните институции за ревизија на нивното настанување, се до конечно отстранување“, соопшти Левица.

 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе