Левица: Расипништвото на Богоев и општина Карпош продолжува

Стефан Богоев, како градоначалник на Општина Карпош на 18 декември потпишал договор со агенцијата Рејтинг СП-М застапувана од страна на Никола Спасов, за консултантски услуги за оцена на успешноста на реализацијата на програмските активности на Општина Карпош во 2020 година. Овој потпис на Богоев ќе ги чини жителите на Карпош 279.660 денари, се вели во соопштението на Левица.

„Услугата, како предмет на договор, по својата природа е повеќе од скандалозна, а со потпишувањето на овој договор Богоев ги потценува способностите на администрацијата на општината во однос на можноста самата да ја оценува реализацијата на програмските активности. 

Не само што ваква услуга не е потребна, туку истата е на директна штета на жителите на општината. Ова неодговорно трошење народни пари отвора и неколку сомневања: Дали Богоев со овие пари си ја плаќа анкетата за претстојните локални избори? Дали е точно дека Богоев со Спасов се познаваат приватно и овој договор произлегува од нивната заедничка соработка во НВО секторот? Дали Богоев со овој договор ја потврдува неспособноста на својата партиска администрација? Зошто Богоев се задолжува за капитални проекти, а основниот буџет го троши на пропаганда?“, соопшти Левица.

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе