Левица: Насилството на ДУИ продолжува, и заменик директорот Блерим Исеини е назначен незаконски

Со секој одминат ден на власт на насилничката и криминална гарнитура од ДУИ, Македонија е се подалеку од европската агенда за демократија и владеење на правото. Блерим Исеини со одлука на Собранието е заменик директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, а за тоа место, според законот може да се назначи лице со освоени 300 кредити од областа на правните науки. Исеини е на тоа место со завршен факултет за новинарство во Тирана, се вели во денешната реакција на Левица.

„После вчерашното насилство на Арбер Адеми, кој единствено е познат по незаконското унапредување за доцент, и по отворените македонофобни закани на секретарот во Министерството за култура, Велмир Азири, еве уште еден скандал поврзан со незаконско назначување на заменик директор од ДУИ.

Ова е само еден од низата скандали, кои се секојдневие во владеењето на милениците на странската дипломатија, односно ДУИ, без чија странска активна логистика и поддршка, оваа гарнитура немаше да опстои 20 години на власт.

Всушност, целосниот молк и немањето осуда од меѓународната заедница за вчерашните инциденти во Собранието говори дека ДУИ единствено опстојува на власт поради своите тесни врски со странскиот фактор.

Самоволието на ДУИ, партија која активно го сквернави и уназадува владеењето на правото, за чии испади, инциденти и криминали нема последици, бидејќи се под заштита на претставниците од „меѓународната заедница" - мора да прекине и да му се стави крај, затоа што присуството на ДУИ во власта ја вкоренува корупцијата како составен дел од системот.

Му порачуваме на македонофобот Велмир Азири дека неговите повици за тепање и агресија веќе немаат ефект кај сиромашните Албанци, кои 20 години се принудени масовно да се иселуваат, додека функционерите на ДУИ криминално го зголемуваат своето богатство.

 Продавањето национал-шовинизам и ширењето страв од ДУИ веќе е излитена идеја на која ѝ помина времето", соопшти Левица.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе