Реакција

Левица: Кога ќе ја освоиме власта Топлификација ќе се врати во рацете на народот

Државните институции останаа неми на информацијата дека компанијата „Адора“ на бизнисменот Ванчо Чифлиганец го купила имотот на „Топлификација“ за 9,3 милиони евра, иако контролата над стопанисувањето со природните монополи не смее да припаѓа на никој друг освен на државата, реагираат од Левица. 

Според партијата, катастрофалните неолиберални политики на минатите власти доведоа до приватизација на природниот (државен) монопол во снабдување со топлинска енергија - АД „Топлификација“.

„Овој чекор немаше никаква економска логика, туку напротив резултираше со одлевање на огромни финансиски средства во приватни џебови, поскапување и влошување на услугите. Во годините што следеа, приватната компанија Балкан Енерџи Груп (БЕГ) оствари огромна заработка, не само од тековното работење туку и од измислени судски процеси против граѓаните. Илјадници граѓани беа приморани со години да се влечат по судови, бидејќи од нив се бараше да плаќаат сметки за затоплување, иако тие веќе не биле поврзани со мрежата за греење. Судовите редовно пресудуваа на штета на граѓаните, на кои им беше наложувано да ги платат ‘долговите’ кон оваа компанија, без притоа да се води сметка за нивната моментална материјална состојба”, се невадува во соопштението. 

Оттаму додаваат дека ваквите неправди ќе продолжат се додека природните монополи и другите услуги од јавен интерес се во приватни раце. Меѓутоа, покрај тоа што се неправедни, приватизациите на природните монополи се и економски нерационални. 

„Недозволиво е Чифлиганец или кој било приватен интерес да поседува природен монопол во државата. Државата мора да го врати во јавна сопственост она што му припаѓа на народот. Во спротивно, богатењето на поединци како Чифлиганец ќе продолжи на сметка на граѓаните, односно парите ќе продолжат да се прелеваат од народот кон алчни и корумирани поединци”, велат од Левица. 

Приоритет на Левица, како што пишува во реакцијата, по освојувањето на власт ќе биде национализацијата на „Топлификација“ и сите други природни монополи и јавни ресурси кои се од стратешко значење за државата, како и кривично гонење на сите оние кои биле вклучени во процеси на нивно нелегетимно отуѓување од народот. 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе