„Според последниот нелегитимен попис организиран и прифатен од ДУИ и помалиот коалициски партнер СДС во Кичево не постои помала етничка заедница со повеќе од 50% резидентно население. Според Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, при истакнување на знамето на другите етнички заедници на плоштади и други јавни места, мора да биде истакнато и знамето на Република Македонија.
Ги повикуваме надлежните органи на брза реакција со цел спречување на обид за разгорување на меѓуетничка нетрпеливост“, соопшти Левица.
Според последниот Попис 2021, во Кичево има 39.669 население, од кои 40,4% се Македонци, 41,3% се Албанци, 6,4% Турци, 5 % Роми...