Реакција

Левица: 130 милиони евра народни пари за електрично возило на фамилијата Дестани блиска до ДУИ

Камен темелникот за наводната фабрика за електрични возила и најавата на Артан Груби за државна помош од 130 милиони евра, не е ништо друго, освен прелевање на народни пари од државната каса во буџетот на лица блиски до ДУИ, се вели во денешната реакција на Левица.

„Зад компанијата „Некст е.го“ (Next e.go) стои „Еколог интернационал" и семејството Дестани, кое е поврзано и со фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово.

За сопственикот Љазим Дестани во 2020 година се шпекулираше како еден од можните кандидати премиери Албанци во тогашната кампања на ДУИ за премиер Албанец, а членови на ова семејство се редовни гости на настани организирани од албанската политичка елита.

Најавената помош од 130 милиони евра доаѓа во период кога Македонија се соочува со голема социо-економска криза, токму поради погубните социо-економски политики на владата предводена од ДУИ и СДСМ“, се вели во реакцијата на Левица.

 

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе