СДСМ

Кузеска: Поврат на туристичката такса од 2019 за 4.740 фирми

Во фокусот на четвртиот пакет мерки донесен од Владата предводена од СДСМ, е и поддршката со плати за туристичките водичи, како дел од еден од најпогодените сектори во кризата предизвикана од коронавирусот. На 150 регистрирани туристички водичи за месеците октомври, ноември и декември, ќе им биде исплатена минимална бруто плата во висина 21.776 денари, а за секторот туризам, како еден од најпогодените од кризата, определена е и мерка – поврат на туристичката такса за 2019 година, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Тоа значи дека 4.740 субјекти кои организирале ноќевања во 2019 година, ќе им бидат вратени 2 милиони евра, колку што изнесува вкупниот износ на туристичката такса инкасирана во таа година.

За секторот туризам обезбедени се и грантови за 500 туристички агенции во вкупна вредност од 1,9 милиони евра за грантови од 3.000 до 7.000 во зависност од бројот на вработени и од вкупниот промет во 2019 година.

Во четвриот пакет антикризни мерки предвидено е и намалување на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалоци, со нова повластена стапка на ДДВ од 10% наместо сегашната редовна, од 18%.  Оваа мерка за којашто се потребни законси измени ќе започне од 1 јануари 2021 година, а нејзината цел е намалување на сивата економија, пониски цени за граѓаните, но и поголема ликвидност на услужниот сектор.

Владата предводена од СДСМ покажа дека се грижи за секој поединец, за секоја компанија погодена од глобалната здравствено и економска криза. Следува реализација на мерки и политики што обезбедуваат вистинска грижа за граѓаните и за македонската економија“, изјави Кузеска.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе