Конкурс за Меѓународната обука за млади лидери на поранешниот претседател Иванов

Кабинетот на поранешниот претседател на Македонија Ѓорге Иванов информира дека ќе се одржи 13. Школа за млади лидери на претседателот Иванов и дека денеска е објавен конкурсот за учество на Меѓународната обука за млади лидери, која оваа година ќе биде на тема „Морално лидерство".

Оваа година Школата за млади лидери на претседателот Иванов ќе се организира комбинирано, онлајн и со физичко присуство, во периодот 16-30 септември 2022. Програмата е намената за млади луѓе со завршено високо образование до 35 години, дипломирани студенти и професионалци со работно искуство.

Обуката опфаќа предавања од предавачи од земјата и од странство кои ќе споделат искуства и знаења кои би ги поттикнале учесниците да размислуваат аналитички и да креираат заеднички решенија за предизвиците со кои се соочуваат, како и интерактивно да се вклучат на предавањата кои ќе се одвиваат на македонски и на англиски јазик.

„Се очекува учесниците да имаат желба континуирано да ги развиваат и усовршуваат нивните лидерски вештини и да придонесуваат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат,“ соопшти Кабинетот на Иванов.

Бројот на учесници е ограничен, а право на учество имаат сите млади кои ги исполнуваат условите наведени во конкурсот објавен на веб-страницата и на фејсбук-страницата на Школата за млади лидери на Иванов, како и на веб-страницата и фејсбук-страницата на поранешниот претседател Иванов.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе