Реакција

И Левица ја напушти седницата, „нема да учествуваме во фингираните собраниски седници“

 Нема да учествуваме во шверцувањето нови пратеници, соопшти Левица која има двајца пратеници во Собранието.

„Денес, во Собранието на Република Македонија, владејачката коалиција на СДС+ДУИ, на очиглед на јавноста, прави противделовнички обид за верификација на мандатот на нови пратеници – спротивно на чл. 17 од Деловникот. Според овој член, за да има верификација на нови мандати мора кумулативно да постојат два акта: извештај од ДИК и предлог од Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања (која не постои, односно сè уште не е основана).

Оваа „дива“ верификација која се случува во текот на денешниов ден се врши без вториот потребен документ, а врз основа на т.н. „извештај“ од непостоечката Верификациска комисија на чело со Јагода Шахпаска, која има истечен мандат, односно престана да постои по истекот на конститутивната седница.

И покрај процедуралното укажување од нашиот пратеник Димитар Апасиев – дека е правно невозможно без комисија и без предлог да се продолжи со верификацијата – парламентарното мнозинство продолжи со овој илегален начин на работа, па затоа пратениците на Левица нема да учествуваат на фингираните седници на кои ќе бидат ставени на дневен ред овие мандати“, соопшти партијата.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе