СДСМ

Георгиевски: Нов модел за субвенционирање на земјоделците

Новиот модел на субвенционирање на земјоделците значи повеќе пари за нив, насочени за стратешките култури, кои ќе поттикнат остварување на зголемен принос и подобра следење на производството кое директно значи намалување на сивата економија. Предложениот концепт ги опфаќа сите земјоделски гранки, пред еднакви и правични услови за добивање поддршка за развој, изјави Гоце Георгиевски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

„Предложено е зголемување на поддршката за сточарството преку систем во кој ќе се намалат појавите на можни злоупотреби и дополнително исплатата за предадено млеко да се исплаќаат побрзо, месец за месец.

Новиот модел покрај субвенциите опфаќа забрзан развој преку инвестиции кои се предмет на поддршка преку Програмата за рурален развој. Конкретно, ќе се промовира концептот ‘деловен план’, насочен за поддршка на малите производители и на регистрираните земјоделци. Покрај мерките за млад земјоделец, и рурална жена, се предвидува нова мерка за поддршка на бизнис план до 10.000 евра, каде се планира поддршка на помалите фармери чија основна дејност е земјоделството, за инвестиции и проширување на производството, или инвестиции за производство на расад. Како нова мерка ќе стартува и поддршката во ангажирањето на советодавни услуги, кои ќе им помогнат на земјоделците полесно да ги следат сите повици и навремено да аплицираат на нив. Предлагаме и нова  мерка за поддршка во смарт земјоделство каде ќе поддржиме инвестиции во примена на модерни ИТ технологии за автоматизирање на производството.

Со предлогот предвидуваме посебна програма за задруги со зголемена поддршка за земјоделските задруги, односно развој на задругите за преработки во финални производи.

Кај органското производство предлагаме како корисници на оваа мерка да бидат земјоделски стопанства кои имаат сертифициран растителен или сточарски органски производ. Предлагаме наместо процентуална исплата по хектар како до сега, да се врши исплата по произведен килограм или литар органски производ.

Преку формирање на осигурителен пул од државата, работиме и на системско решавање на проблемот со штетите од природни непогоди, каде ќе биде осигурено земјоделското производство.

Сите овие предлози беа презентирани пред членовите на агро советот кои едногласно ги одобрија и ги оценија како значајна реформа во земјоделскиот сектор со која се решаваат долгогодишните проблеми на земјоделците и се развива македонското земјоделство.

Приоритет на СДСМ како партија бил и ќе остане земјоделскиот сектор, токму во таа насока се постојаните реформи и континуираната грижа за земјоделците. Продолжуваме да работиме посветено и во интерес на земјоделците“, изјави Георгиевски.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе