ФРОДЕМ: Срамно е Заев да бара пари за справување со кризата од најсиромашните граѓани во Европа

Фронтот за демократска Македонија-ФРОДЕМ преку соопштение го критикува лидерот на СДСМ, Зоран Заев за предлогот за економските мерки за надминување на економската криза предизвикана од коронавирусот и го обвинува дека повторно бара солидарно сите граѓани да го понесат товарот на кризата.

„Додека Зоран Заев беше премиер наместо што правеше заткулисни договори со опозицијата, да се потрудеше да ги врати украдените милијарди евра од криминогеното поранешно државно раководство и од оние кои сега се во највисоките партиски редови на опозицијат, како и во редовите на неговиот коалициски партнер во власта (да засветеше бројчаникот со вратените украдени пари) денес немаше да зборува дека буџетот не може да го издржи товарот на кризата и дека е потребна рамномерна распределба на товарот. Заев денес немаше да бара граѓаните солидарно да ги сносат трошоците за справување со кризата доколку неговите блиски не ги рекетираа бизнисмените за лично богатење, наместо да побараше да се утврди потеклото на нивниот имот и богатството па нелегално стекнатиот имот да го одземавте во интерес на државата или пак доколку не дававте големи буџетски народни пари на партиски фирми за наводни иновации. Доколку Заев додека беше на власт не постапуваше исто како и неговите претходници и доколку не ги изневереше очекувања на граѓаните на економски план сега немаше вака да бесрамно и неодговорно да кажува бајки за солидарност“, пишува во соопштението од ФРОДЕМ.

Според нив, срамно и жално е Заев пари за справување со кризата да бара од најсиромашните граѓани  во Европа, па го повикуваат и него и сите политичари од власта и од опозиција да изнајдат начин и да се солидаризираат со банкарите и со големите бизнисмени чие неизмерно богатство им го овозможиле и заеднички да им помогнат на граѓаните во оваа тешка криза.

 

Македонија спаѓа во групата држави во кои се преземени ригорозни ограничувања на човековите права заради справување со коронавирусот. 

повеќе

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе