„Во одлуката која Комитетот ја усвои на 2 декември се изразува длабока загриженост за влошената состојба на подрачјата, но и за фактот што Владата до неодамна, до минатиот месец и не беше свесна дека случајот е отворен речиси цела година. Уште еднаш се потврдува потребата за итна мисија на терен, кон која постои можност да се приклучат и експерти од Конвенцијата на УНЕСКО и Рамсарската Конвенција, а до мисијата на терен (предвидена за пролет 2023 година.
Постојниот Комитет бара:
времено одложување на усвојувањето на клучните документи;
запирање на секакви активности за понатамошна урбанизација и/или други градби (вклучувајќи ги и административните процедури за истите) и легализација на дивоградбите.
На потег е Владата, овој пат да си ја исполни меѓународната обврска (како што и налага и Уставот) и да ја спроведе Одлуката на Бернската Конвенција, односно итно да усвои Одлука за запирање на секакви активности за понатамошна урбанизација (и други градежни работи) и легализација на дивоградбите - сè додека не се усвојат препораките на мисијата на терен; како и
Одлука за привремено запирање на постапките за документите кои имаат влијание врз Охридското Езеро и Галичица, како Законот за Студенчишко Блато, Стратешкиот план за рехабилитација на Светското наследство, итн.
Како организација која го поднесе и води овој случај, сметаме дека е поразително тоа што меѓународната заедница има неспоредливо поголема почит кон и грижа за нашето најголемо природно богатство отколку домашните институции на кои тоа им е должност.