Хелсиншки комитет за човекови права

ЕУ ќе ги поддржи активностите на заедницата ЛГБТ+

Амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир на средбата со активистите што се борат за правата на ЛГБТИ+ заедницата во земјата, ја истакнал важноста на Законот за антидискриминација што треба да се донесе, но и на Комисијата за заштита од дискриминација што треба да резултира со назначување професионалци кои ефикасно ќе ја подигнат свеста и ќе ги заштитат сите граѓани од дискриминација.

По повод одбележувањето на осум годишнината од ЛГБТИ Центарот за поддршка, денеска во социјалниот простор „Комитет", активистите што се борат за правата на ЛГБТИ+ заедницата во земјата, обединети во Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија (НМХТ) имаа средба со амбасадорот на ЕУ во Македонија Дејвид Гир.

Заедничката средба отвори можност за дискусија на важните теми на денешницата, како за донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација и процесот на интеграција во ЕУ, но и за некои достигнувања преку напорната работа во минатото, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови правва.

Амбасадорот Гир ја истакнал важноста на Законот за антидискриминација што треба да се донесе, но и на Комисијата за заштита од дискриминација што треба да резултира со назначување професионалци кои ефикасно ќе ја подигнат свеста и ќе ги заштитат сите граѓани од дискриминација.

„Понудена беше ЕУ помош на властите и на граѓанските организации во подобрување на правната рамка и практиките кон ЛГБТИ луѓето. Сепак, во наредниот период, поголемите и здружени напори ќе бидат од клучно значење за значително да се подобри почитувањето на човековите права на ЛГБТИ луѓето", се наведува во соопштението за сзредбата.

НМХТ со своите членки очекува да биде активен учесник во текот на овој важен процес и да работи заедно со другите засегнати страни кон општество без дискриминација и со еднакви можности за сите граѓани.

„Во последните неколку години подобривме дел од законската рамка, но, за жал, доживеавме и процеси во кои правата на ЛГБТИ не беа високо на политичката агенда и останаа да чекаат подобри времиња. Донесен беше Закон за спречување и заштита од дискриминација, кој за првпат обезбеди заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, но, исто така, се соочивме и со негово укинување. Доживеавме слаба имплементација на Кривичниот законик во заштитата од злосторства од омраза засновани на сексуална ориентација и родов идентитет, неказнивост за говор на омраза кон ЛГБТИ луѓето и недостиг на низа законски решенија што соодветно ќе ги адресираат проблемите и потребите на оваа заедница", се вели во соопштението.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе