ДУИ: Се виде кој е за ЕУ, а кој е против и е проруски елемент

„Демократската унија за интеграција најостро го осудува антиевропското насилство на улиците во Скопје поттикнато и спроведено од проруските елементи во нашата земја кои се против ЕУ, НАТО, добрососедството, мирот, стабилноста и безбедноста во државата“, реаагира ДУИ по синоќешните протести за отфрлање на францускиот план преку соопштение насловено: „Се гледа кој е за Европа, а кој е против''.

ДУИ смета дека последните случувања во земјава, по предлогот на Советот на ЕУ за преговарачката рамка ги откриваат поделбите во општеството меѓу прогресивните сили за поддршка на Европската Унија и регресивните сили против ЕУ.

„Регресивните сили во земјава кои ги поддржуваат насилните протести се обидуваат да го попречат европскиот процес што Република Северна Македонија веќе го финализира.

За разлика од регресивните, прогресивните сили во земјава кои ги донесоа Охридскиот договор, Договорот од Преспа, членството на земјата во НАТО и автокефалноста исто така, успешно го решаваат прашањето со Република Бугарија за да се обезбеди европската перспектива на нашата земја.

Европската Унија, Вашингтон, Лондон, Париз, Рим, Берлин, Брисел и сите пријатели на нашата земја го поддржуваат овој предлог.

Демократската унија за интеграција го повикува целото граѓанско општество, академскиот свет, медиумите, аналитичарите, сите прогресивци во општеството да се приклучат на европскиот дух и да се оградат од антиевропското насилство кое се поттикнува за создавање нестабилност“, се вели во партиското соопштение.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе