ДУИ: Почитувајте ги мерките, ситуацијата со ковид-19 бара одговорност од сите

Бројот на новозаразени со ковид-19 во Република Северна Македонија, земјите од регионот и низ цела Европа во последните денови континуирано расте во есенскиот бран на пандемијата. Почитувањето на протоколите, како што се носење маска, одржување на дистанца и дезинфекција односно одржување на хигиената е најефективната и најдобрата заштита за личното и јавното здравје, пишува ДУИ во денешното соопштение.

„Демократската Унија за Интеграција како сериозна партија им препорачува на граѓаните да не дозволуваат нашиот здравствен систем да не може да обезбеди грижа за сите кои имаат потреба, бидејќи нашите болници се веќе полни.
Строгото придржување кон мерките, носењето маска, одржувањето на дистанца и редовната дезинфекција односно хигиената воопшто, остануваат најдобрите начини да се спречи колапсот на нашиот здравствен систем. Состојбата со новиот бран на погодените од ковид-19 е исклучително тешка, зависи од нас самите колку брзо ќе можеме да ја стабилизираме оваа состојба што ја погоди не само нашата земја, туку и целиот свет. Овој удар на вирусот зависи од однесувањето на граѓаните и почитувањето на сите мерки и протоколи“, се наведува во соопштението.
Пораката од ДУИ е дека со скриениот непријател ковид-19 мора да се бориме заедно и сите без исклучок мора строго да ги почитуваме мерките за заштита на личното и јавното здравје, да носиме маски, да одржуваме дистанца и да се грижиме за редовна дезинфекција односно хигиената воопшто.

 

 

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе