ДОМ учествуваше на Конгресот на Европските зелени

Делегација на зелената партија ДОМ во состав: Маја Морачанин, Ана Угринска, Ервин Реџепагиќ и Александар Пандиловски учествуваше на Шестиот конгрес на Европските зелени, кој се одржа од 2 - 4 декември, во Копенхаген. Лидерката на ДОМ, Маја Морачанин учествуваше како панелист на дебатата за позитивните искуства и предизвиците за остварување на ЛГБТИК+ пријателска Европа.

„На конгресот се дискутираше за: зелени и социјално праведни решенија за енергетската криза, зелени решенија за отпорност на системите за храна, улогата на локалните советници во постигнувањето зелена транзиција, ургентната потреба од климатска правда и одданочување на богатите за да се спаси климата.
Се разговараше и за значењето на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

Унапредувањето на човековите права, правата на жените, ЛГБТИК+ луѓето и луѓето со попреченост се теми кои исто така беа во фокусот на конгресот“, се вели во партиското соопштение.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе