Дали воениот дезертер синоќа координираше поранешни „волци“, прашува СДСМ

Наместо да шири лаги и деструкција, воениот дезертер Ковачки да одговори дали тој синоќа организирал поранешни припадници на единицата „Волци“, реагира СДСМ преку соопштение на прес-конференцијата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

„Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица со насилството на протестите изминатите два дена, со дивеење на насилници со качулки, повредени полицајци, со каменување, фрлање запаливи течности, уништување го покажува своето вистинско лице и вистинска цел да создаде тензии, поделби и раздор, да се закочи целата држава. Ова не може да го дефокусираат никакви лаги на Драган Ковачки. Токму Ковачки е дезертер од Армијата кој избра да им служи на деструциите на Христијан Мицкоски“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Партијата нагласува дека Ковачки шири лажни и бара од него да одговори:

„Дали токму тој е координатор на поранешни припадници на единицата Волци кои синоќа ги предводеа насилствата, во обид да предизвикаат реприза на 27 април“? 

СДСМ на крајот порачува дека заедно со институциите и граѓаните, „нема да дозволиме насилничкото однесување и сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрозат државата“.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе