„Ваквите неаргументирани напади се штетни за институциите, го рушат нивниот интегритет, истовремено го рушат и интегритетот на политичките партии и создаваат општа недоверба во јавноста. ДКСК постапува во рамките на своите законски надлежности, неселективно ги разгледува доставените пријави, отвора предмети по сопствена иницијатива, а своите одлуки ги носи на јавна седница. За тоа говорат и фактите, имено само минатата година Комисијата донесе одлука за 479 предмети.
Имајќи предвид дека борбата со корупцијата е приоритет во земјава, Комисијата очекува сите чинители во државата да дадат свој придонес и заедно да се избориме со ова општествено зло, што е можно само со искрени и заеднички залагања од страна на сите фактори во општеството“, се вели во соопштението во кое не се наведуваат имиња на партии кои беа повод за реакцијата.