Реакција на Антикорупционерите

Борбата со корупцијата е врвен приоритет, партиите да не ја користат ДКСК за дневни поени

Државната комисија за спречување на корупцијата и судирот на интереси е изненадена од изјавите на политички партии кои се обидуваат работењето на Комисијата да го искористат за дневно политички пресметки, реагираат Антикорупциониерите преку соопштение.

„Ваквите неаргументирани напади се штетни за институциите, го рушат нивниот интегритет, истовремено го рушат и интегритетот на политичките партии и создаваат општа недоверба во јавноста. ДКСК постапува во рамките на своите законски надлежности, неселективно ги разгледува доставените пријави, отвора предмети по сопствена иницијатива, а своите одлуки ги носи на јавна седница. За тоа говорат и фактите, имено само минатата година Комисијата донесе одлука за 479 предмети.

Имајќи предвид дека борбата со корупцијата е приоритет во земјава, Комисијата очекува сите чинители во државата да дадат свој придонес и заедно да се избориме со ова општествено зло, што е можно само со искрени и заеднички залагања од страна на сите фактори во општеството“, се вели во соопштението во кое не се наведуваат имиња на партии кои беа повод за реакцијата.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе