ВМРО-ДПМНЕ

Арсовски: Дали Филипче платил 2,5 милиони евра за Клинички центар - Штип за да завршат парите во провизии?

Од 3 декември 2021 до 17 јануари 2022 година, непосредно пред да си замине од функцијата министер за здравство, Венко Филипче ѝ исплатил на грчката компанија Интракат која го гради Клиничкиот центар во Штип дури 2,5 милиони евра. Веќе петта година како владата на СДСМ го гради овој центар, а во последниве две години таму нема ниту мајстори и не е поместена ниту една цигла, не е закована ниту една шајка, а Филипче плати 2,5 милиони евра, изјави денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Откако ЕБРД го раскинува договорот со Интракат заради незавршени обврски за кои се заложиле во врска со изградбата и буквално никој, ама никој тука кај нас во владава не го интересира до каде е изградбата на клиничкиот,  Венко Филипче на неколку недели пред одење, односно заминување од функцијата министер за здравство, префрла 2,5 милиони евра за проект кој е незавршен и нема најава дека ќе биде завршен во блиска иднина.

Иако компанијата Интракат во Македонија била блокирана од страна на судот, во медиумите можевме да прочитаме дека граѓанскиот суд, токму оној кој ја блокирал сметката на фирмата за неподмирени долгови на над 600 македонски компании, веднаш по локалните избори кога била извесна оставката на Заев и на Венко Филипче, ја одблокирал сметката на 90 дена на истата оваа фирма и токму во тие 90 дена Венко Филипче исплатил од парите на граѓаните 2,5 милиони евра и потоа си заминал од функцијата.

Фирмата Интракат наместо да подмирува обврски или да ги употреби за работа на Клиничкиот центар, таа  ги испумпала надвор од државата.

Прашуваме, дали Бојан Маричиќ како министер за правда и дел од оваа операција ургирал и интервенирал во Граѓанскиот суд  да се одблокира сметката на фирмата која го прави клинички?

Дали Венко Филипче свесно ги исплатил парите за кои не знае каде завршиле? Или дали завршиле во изградба на Клиничкиот центар Штип, или пак дали завршиле кај оние 600 компании кои имаат побарувања од оваа фирма?

Дали овие пари ќе завршат како провизии кон македонските политичари од власта? Кој инаку би ризикувал да исплаќа пари на фирма која нема шанса да го заврши Клиничкиот центар во догледно време?

На крај, прашуваме кога СДСМ конечно ќе го заврши Клиничкиот центар во Штип? Најпрвин велеа  2019, па 2020, па 2021, па сега велат во 2022, а абер ќе нема уште неколку години, бидејќи сега да отидеме таму сигурно нема ниту еден мајстор кој работи на Клиничкиот центар“, рече Арсовски.

За овој скандал пишува Плусинфо.мк. „Уште поголем скандал е тоа што само два дена пред да го напушти министерското место, поточно на 17 јануари 2022 година, Филипче префрлил 56 милиони денари на контото на „Интракат“, а претходно, на 3 и 7 декември 2021 година, уште 100,4 милиони денари. За да се извршат овие три експресни уплати, претседателот на Основниот граѓански суд Скопје на 4 ноември 2021 година донел решение (ППНИ-673/21) со кое се одлага извршувањето против „Интракат“ на период од 90 дена. Упатените велат дека ова е сторено по ургенција на тогашниот министер за правда Бојан Маричиќ... Бившиот премиер и други министри од претходната влада, треба да објаснат, а треба да бидат и прашани од надлежните институции, какви и за што биле тие фамозни и скандалозни уплати во декември-јануари, кога сите се спремаа за примопредавање на функциите. Зошто на Филипче, министер во заминување, токму во тие денови му било толку многу важно да ги исплати парите?“, пишува порталот.

 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе