Средба во Њујорк

Ангажманот на САД на Балканот гаранција за безбедноста, согласни Рикер и Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на 77-то Генерално заседание на ОН, оствари средба со Филип Рикер, виш советник на САД за кавкаски преговори, соопшти МНР и информира дека станало збор за предизвиците на Македонија во периодот на претседавањето на земјава со ОБСЕ идната година како и за стратегиското партнерство со САД.

„Беше реафирмирано силното сојузништво меѓу Северна Македонија и САД, со посебен фокус на неодамна одржаниот стратешки дијалог меѓу двете земји, како значајна пресвртна точка во севкупните билатерални односи“, се вели во соопштението и се додава дека воедно, Османи го поздравил континуираниот американски ангажман во Западен Балкан како значајна гаранција за стабилноста во контекст на актуелните безбедносни предизвици.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе