Aлијанса за Албанците: Власта именува амбасадори кои се во служба на југословенско-руските структури

Владата на СДСМ-ДУИ и министерот Бујар Османи денеска уште еднаш потврдија дека не можат да се оградат од пројугословенскиот и прорускиот менталитет. Оваа Влада, која секојдневно ја злоупотребува ЕУ, докажа дека е многу далеку од европските вредности и ја држи земјата исто толку далеку од Европа. Во најважните европски центри тие делегираат амбасадори кои не само што немаат ништо заедничко со западните вредности, туку напротив, продолжуваат да бидат блиски и во служба на југословенско-руските структури, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците по денешните именувања на нови амбасадори.

„Бујар Османи, кој зборуваше за продолжена рака, ја трансформираше дипломатијата на земјата во гнездо на малигни анти-ЕУ и анти-НАТО влијанија. Таков е случајот со новоименуваниот Амбасадор во Париз, Виктор Димовски, поранешниот функционер на југословенските тајни служби, за кого во документ на американскиот Стејт департмент децидно стои дека „Белград го држи во џеб“. Претходно, спречивме уште еден обид за именување на Теута Арифи за амбасадорка во Брисел, политичарка осомничена за злоупотреба која доаѓа од истата политичка структура.

Истата власт за амбасадор во ОН го назначи поранешниот пројугословенски, мизогински и антиалбански политичар Љубомир Фрчкоски, кого САД претходно го отфрлија за предложен амбасадор во Вашингтон.

Сега на сите им е јасно од каде потекнува носталгијата на ДУИ и СДСМ да работат повеќе за мини Југославија (Отворен Балкан) отколку за членство на земјата во Европската Унија“, реагираше АА.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе